ВИДЕО: Жени се степаа во морето, летаа шамари и боксови

Фото: Твитер/принтскрин

Снимка од жестока тепачка меѓу жени се појави деновиве на социјалните мрежи, а иако нема сигурна информација за локацијата и за времето кога е снимено видеото, многумина коментираат дека се работи за плажата во Паралија, во северна Грција, пред неколку дена.

На снимката се гледа како една од жените прво влегува во конфликт со маж, а потоа се вмешува друга жена и настанува хаос. Покрај нив има дете во гума, на кое никој повеќе не обрнува внимание, откако почна пресметката.

„Го ставија детето во опасност. Додека тие се тепаат, детето можеше да биде одвлечено во длабочините од морската струја“, коментира еден корисник на Твитер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот