ВИДЕО | Kупила половен кауч, па се шокирала од она што го пронашла внатре
Жена која купила половен кауч од „Фејсбук маркетплејс“ на крајот добила многу повеќе отколку што очекувала откако открила неочекуван гостин во неа.
Препорачано
Kорисничка на Тикток од Чикаго, која е позната под името „@marrsbarrrs“, ја споделила необичната приказна, а видеото има речиси 10 милиони прегледи, пишува „Њузвик“.
Откако таа и една пријателка го донеле каучот на расклопување во нивниот стан, забележале дека нешто не е во ред.
– Почувствував удар – рекла таа, но и двете го игнорирале.
Седеле на каучот речиси еден час, не сомневајќи се дека некој се крие внатре, бидејќи во меѓувреме немало звук.
Сè се променило кога продавачот ѝ пратил порака прашувајќи ја дали нејзината мачка можеби се наоѓа во каучот. За нивно изненадување, одговорот бил – да. Тие ја пронашле мачката згрчена во каучот.
– Мислевме дека е мртва – рекла новата сопственичка на каучот, додавајќи дека мачката не испуштала звук за време на целиот инцидент.
Дури и нејзините миленици не го забележале натрапникот. Спасувањето траело четири часа, а тие на крајот пробиле дел од каучот за да ја ослободат. За среќа, мачката избегала неповредена и била вратена кај својот сопственик.
Многумина во коментарите се шегуваа за тоа кој е вистинскиот сопственик на каучот.
„Тоа бил нејзин кауч“, напишал еден корисник. Друг предложил: „Требаше да почекате сопственикот да објави оглас за исчезнато милениче и да понуди награда“.
Еден корисник сподели слично искуство: „Како некој што работи со мебел, можам да ви кажам дека ова се случува изненадувачки често. Нашиот тим за достава еднаш врати мачка пронајдена на кауч“.
На крајот, гледачите беа најолеснети за едно нешто: мачката не била повредена, па потенцијалната трагедија се претвори во еден од најчудните вирални моменти на Тикток.
@marrrsbarrrswe did end up getting her out and brought her back home🥲


