ВИДЕО | Зеколи: Францускиот предлог е лош, но може да ни се понуди и нешто полошо

Арсим Зеколи. / Фото: Дојче веле

Поранешниот македонски амбасадор во ОБСЕ, Арсим Зеколи, смета дека првиот проблем настанал со Преспанскиот договор и „поради дирeктна вклученост на западните дипломати, тој процес се држел во координати и се давал привид на олеснување, но со конкретна цел – да се влезе во НАТО“.

„Тоа се држеше во едно корито кое беше определено во стартна точка од времето на Груевски. Таа контрола на процесот од страна на американската и европската дипломатија обезбеди успешен епилог, за кој допрва ќе видиме дали ќе има последици. Нешто не е во ред со тој избрзан премин од длабока 50-годишна недоверба, во едно братство пренесено преку односот на Борисов, Заев и Димитров. Бев убеден дека ова води кон поголема криза во односите и така се покажа“, рече Зеколи во емисијата „Трилинг“ на ТВ 24..

Тој вели дека нема место за оваа „депресивна состојба на катаклизма што ја имаме сега“, иако францускиот предлог го смета за лош.

„Со тоа ќе се согласат сите. Проблем за нас е што тој договор е дериват на Договорот од 2017. Да бидеме внимателни околу тоа дали е толку лош, бидејќи може да ни се понуди нешто полошо. Пред три години, прашањето за идентитетските спорови беше апсурд, а денес е дел од мејнстримот во Европа, наметнат од Русија кон Украина. Во таа понуда, ја има дефиницијата дека сето наведено не подразбира дека Бугарите го признаваат јазикот и кај нас тоа е интерпретирано како негација“, вели Зеколи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот