Фото: Принтскрин

ВИДЕО: Затворена Лондонската кула – ја гаѓале со пудинг Кралската круна

Популарната туристичка дестинација и поранешен затвор Лондонската кула беше делумно затворена денес откако хулигани оштетија витрина со кралскиот накит, соопшти полицијата, објави Би Би Си.

Четворица хулигани фрлија пудинг врз витрината со Кралската државна круна.

Во полициското соопштение се додава дека четири лица се уапсени под сомнение за кривично дело предизвикување штета и дека се приведени, а просторот за изложба на накит во Кулата е затворен.

Групата „Take Back Power“, која се опишува себеси како „ненасилна“ и се залага за „граѓански отпор“, ја презеде одговорноста за нападот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот