Фото: ТВ21 / Принтскрин

ВИДЕО: Заменик-министерката Зеколи Шаќири расплакана побара правда за загинатиот сопруг, осудениот добил само 7 месеци затвор

Заменик-министерката за транспорт, Калтрина Зеколи Шаќири, на денешната прес-конференција повторно побара правда за сообраќајната несреќа што се случи пред три години на скопската обиколница кај Радишани, во која загина нејзиниот сопруг, велосипедистот Арбр Шаќири.

Таа плачејќи посочи дека ѝ било ускратено правото на жалба на пресудата, со која обвинетиот за несреќата доби затворска казна од седум месеци.

— И во најтешкиот момент, кога беше објавена пресудата, а болката повторно ме совлада, судијката Драгана Исаковска го крена гласот. Го крена гласот кон жена која изгуби сè, само бидејќи реагирав човечки. Во тој момент не зборував како професионалец, туку како мајка и скршена сопруга. Излегов со реченица што доаѓаше од мојата душа. Се надевам дека никогаш нема да доживеете таква болка. Денеска сум пред вас со врзани раце, законот не ми дава право на жалба, но Обвинителството ми дава и денеска јавно се обраќам. Барам жалба на пресудата, барам фер пресуда — нагласи Зеколи Шаќири.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот