ВИДЕО | Заев: Опозицијата го држи во заложништво својот народ, а можно е помирување и работа во интерес на граѓаните

Запрашан за улогата на опозицијата која на моменти делува деструктивно во државата и постојано бара оставка од него, премиерот Зоран Заев за „Утрински брифинг“ на Слободна ТВ нагласи дека е крајно време со опозицијата заедно да се направи нешто добро.

-За жал национализмот е присутен насекаде по европскиот континент. И нашиот опонент игра на таква карта. И ова е една вечна борба – пркосот, кон колективното кон европското, кон живото наспроти чукање во градите под превезот на национализмот држејќи го во заложништво својот народ и прогресот на земјата. Ние 30 години видовме што значи тоа. Нашите граѓани очекуваат подобар живот за своите деца, рече Заев.

Како еден од проектите кој може да има обединувачки карактер со опозицијата премиерот Заев го потенцираше новиот Клинички центар, кој го посочи како можност кој е во интерес на сите граѓани во државата, особено во периодот на пандемија од ковид-19.

-Од духот на внатрешното помирување не смее да се откажеме. Малку сме, браќа сме. Во такви околности секогаш треба да правиме тенденции кад еможе да се помириме, да застанеме зад проекти. Дали е „За татковината со љубов“, дали е иницијативата во парламентот каде што Филипче разговара со сите за „Клиничкиот центар“. Луѓе и на Мицкоски, Села, Ахмети ни викаат – дајте еднаш застанете сите заедно зад една работа. И треба да не гледа народот. Во многу развиени земји сите застануваат заедно. Новиот Клинички центар е проект за здравството, за државата. Знаме дека еднаш засекогаш треба да го решиме. Втората работа е што доаѓа во време кога здравството е највисок приоритет за сите нас. Нашиот предлог е опозицијата да има мнозинство во таа комисија. Нека влезат, нека бидат коректив и заеднички да направиме нешто добро. Да оставиме една заедничка оставштина, вели Заев.

ВИДЕО | Заев: Губитник е Бугарија и Северна Македонија, но најголем е Европската унија – се посипа со пепел

ВИДЕО | Заев: Минатото на мојот идентитет е мое право на самоопределување – не ја чепкајте жицата македонска

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот