ВИДЕО | „За најдобриот диџеј“: Несторовски и Трајковски му подарија дресови на Панчо!

Фото: Приватна архива

Познатиот музичар и диџеј, Панчо од ДНК вчера на социјалните мрежи се пофали дека добил дури три дреса од македонските репрезентативци Илија Нестеровски и Александар Трајковски.

Станува збор за дресовите со кои настапуваа на исторксиот натпревар пред неколку дена против селекцијата на Грузија и уште еден дрес од клубот во кој настапува Несторовски, Удинизе.

Инаку како што знаете, Панчо деновиве е топ-тема откако објави фотографии каде се гледа дека ги истетовирал сите презимиња од фудбалерите кои за прпват ја пласираа нашата фудбалска репрезентација на Европското Првенство кое е закажано за следната година во јуни.

ФОТО: Несекојдневен потег: Панчо од ДНК ги истетовира презимињата на фудбалерите кои не однесоа на ЕП!

Погледнете го подарокот кој го доби Панчо:

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот