ФОТО: Несекојдневен потег: Панчо од ДНК ги истетовира презимињата на фудбалерите кои не однесоа на ЕП!

instagram

Познатиот музичар и диџеј Панчо од дуото ДНК уште еднаш на несекојдневен начин покажа колку му значи историскиот пласман на нашата фудбалска репрезентација на ЕП кое ќе се одржи следната година.

Панчо денеска на социјалните мрежи сподели фотографии на кои се гледа дека ги истетовирал сите презимиња на фудбалерите кои не однесоа на Европското превенство.

инстаграм

– Кога ќе ти се исполни детскиот сон, моментот мора да се овековечи. Оваа тетоважа ми е една од позначајните кои ги имам на моето тело и сум горд на истата исто толку колку што сум горд и на нашите репрезентативци кои ни ја приуштија оваа неопислива радост. Ни покажаа и докажаа на сите нас како со сплотеност и верба се постигнува успех.
Браво момци, херои наши!

Тетоважата на Панчо ја изработи еден од нашите најдобри тату-артисти кај нас, па и на овие простори, Горан Мичиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот