(ВИДЕО) Вухан почна со масовно тестирање на населението во страв од втор бран

Тестирањето во Вухан ќе биде спроведено со тестови кои детектираат нуклеинска киселина, и со тестови кои откриваат антитела во серумот, се наведува во објаснувањето на градските власти.

Властите во кинескиот град Вухан, од каде што започна ширењето на корона вирусот, почнаа со амбициозна кампања за тестирање на сите 11 милиони жители откако се појави страв од втор бран на заразата поради појава на нови кластери.

– Со цел подобро да се искористат тестовите како средство за надзор а во согласност со барањето на Владата тестирањето да се прошири, по разгледување на опцијата одлучивме да ги тетсираме сите жители, се вели во соопштението испратено до жителите на Вухан.

Градот беше ставен во карантин на 23. јануари, а беше укинат на 8. април. Властите известија за шест нови случаи за време на викендот, први по укинувањето на карантинот.

Тестирањето во Вухан ќе биде спроведено со тестови кои детектираат нуклеинска киселина, и со тестови кои откриваат антитела во серумот, се наведува во објаснувањето на градските власти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот