ВИДЕО | Врие од полиција на УКИМ поради Сиљановска и Милатовиќ – професори се жалат дека не ги пуштале да паркираат
Големо полициско обезбедување денеска има на УКИМ поради најавеното присуство на претседателката Гордана Сиљановска Давкова и црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ, кои вчера беа најавени дека ќе одржат предавање на Правниот факултет Јустинијан Први.
Препорачано
Професори од Правен се жалат дека полицијата не им дозволила да влезат со своите возила на службениот паркинг во кампусот на УКИМ, а забрането им било дури и на оние што биле официјално регистрирани за присуство на настанот. Ваква полициска блокада на УКИМ, велат дека не се памети, иако гостувале високи странски државници, претседатели, премиери.
„Нарушувањето на редовното движење на кампусот и доцнењата на професорите и студентите се случуваат во тек на колоквиумската недела кога голем дел од студентите пристигнуваат од други градови. Ова е школски пример за нарушување на универзитетската автономија, чијшто дел е неповредливоста на универзитетскиот простор. Вакви гафови од кабинетот на претседателката се недозволиви, дотолку повеќе што самата таа е професорка на Правниот факултет, а и самиот министер за внатрешни работи е правник. Најмалку што може да се очекува е извинување од кабинетот на претседателката, како и објаснување од ректоратот на УКИМ за овој преседан“ реагира професор од Правниот факултет.


