ВИДЕО | Ворт: Да се биде свиркач е опасна работа, не давајте информација ако ви е загрозен животот

Марк Ворт, извршен директор на Европски центар за правата на укажувачите, Whistleblowing international
Марк Ворт, извршен директор на Европски центар за правата на укажувачите, Whistleblowing international / Утрински брифинг

Вчера се одржа панел на СКУП-центар за истражувачко новинарство каде ги слушнавме ставовите и на најпознатите свиркачи, меѓу кои и Ѓорѓи Лазаревски чијшто случај е повеќе исклучок отколку правило. За свиркачите малку се зборува, а тие луѓе се многу битни.

-Во денешниот свет кога секој може да каже што сака и каде сака, светот е соочен со слободи кои ги немавме пред 20 или 30 години, што има добри и лоши страни. Непосредуваните комуникации се поволност, но кога станува збор за свиркачите не правиме многу. Сепак, на авторитарните режими им е одбројано времето. Во смисла на законски услови, во Македонија постои Закон за заштита на свиркачите, но кога треба да се заштитат свиркачите постои едно нерасположение кај владите. Затоа, владите мора да се освестват дека граѓаните не се непријателите туку оние кои сакаат подобар свет. Заштитата на овие луѓе е она што ние го правиме во нашата организација вели Марк Ворт, извршен директор на Европски центар за правата на укажувачите, Whistleblowing international.

Тој коментира дека ни европските земји не стојат подобро оти свиркачите секогаш се изложени на закани. Според него, оние кои сакаат да ги заштитат свиркачите треба да е грижат за нив, тоа е нешто како социјална работа. Агенцијата за заштита на свиркачите мора да реагира брзо за нивна зашштита, тоа тука не се прави добро, но не се прави добро никаде во светот, коментира Ворт.

-Во Македонија постојат неколку јавни институции кои се задолени за заштита на свиркачите, но граѓаните можат да не повикаат нас, да повикаат адвокати, новинари… можеме да ги советуваме како да се постапи или да го преземеме случајот. Свиркачите се главно обични луѓе, обични службеници, а државата треба да ги зашштити наместо да се остави да бидат излоени на закани и одмазднички мерки, вели Ворт, кој додава дека многу подобра заштита нудат невладините организации и новинарите отколку официјалните институции.

Ворт вели дека свиркачите треба во нивната организација прво да ги претстават информациите наместо да излезат во јавност неподготвени. Тие можат и да не излезат во јавност, а информацијата да излезе, додава тој.

-Ние ги советуваме свиркачите да не разговараат со пријатели или непознати за информациите што ги поседуваат. Ги советуваме и да не излегуваат со тие информации ако се процени дека опасноста по нивниот живот е поголема. Да се биде свиркач е опасна работа, вели Ворт за Утрински брифинг, додавајќи дека најдобра заштита е анонимноста, кога не се знае кој ја изнел таа информација.

Проследете го целиот разговор во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот