ВИДЕО: Во тек е погребот на патријархот Иринеј

Фото: Принтскрин

Во Храмот Света Сава почна богослужбата после која ќе биде погребан поглаварот на Српската православна црква патријархот Иринеј. Телото на поглаварот како и вчера е покриено со стаклен капак.

Литургијата ја служи митрополитот добробосански Христозом, а присутни се сите владици и 16 свештеници.

По литургијата очекувано е да се обратат претседателот на Србија, Александар Вучиќ и српскиот член на Претседателството на Босна и Херцеговина, Милорад Додик.

СПЦ апелираше до граѓаните да се придржуваат до епидемиолошките мерки, а пред храмот беа поставени два видео бима за да може да се следи погребот без да се влезе.

 

Видео на денот