ВИДЕО | Цела Струмица и околината се гушат во магла што мириса на изгорена пластика
Еколошката организација „Здрава котлина“ објави ново видео на кое се гледа како денес градот и целата Струмичка Котлина се во магла од депонијата во Василево, која повторно гори. Луѓето од утрото се гушат во чадот и мирисот што потсетува на запалена пластика.
Препорачано
„Струмичани, очигледно загадувањето не е само „зимски проблем“. Во Струмица загаден воздух дишеме и во лето, и тоа не повремено, туку речиси секој ден од годината“, велат од „Здрава котлина“.
„Прашањето е: со што ќе резултира ова ако вака продолжи? Ова не смее да се нормализира. Не смее да стане ‘вообичаена состојба’ градот да живее во чад, а граѓаните да немаат јасен одговор од каде доаѓа загадувањето и кој е одговорен. До надлежните институции јавно прашуваме: На што се должи денешното загадување? Кој е изворот на чадот? Дали е излезено на терен? Дали ќе има утврдување на одговорност? И кога граѓаните ќе добијат конкретен одговор што всушност дишат?“, пишува во реакцијата од „Здрава котлина“.
Активистите неодамна објавија снимка на која се гледа огромниот чад од запалената депонија, хроничен еколошки проблем кој ја задушува целата Струмичка Котлина. Од „Здрава котлина“ велат дека општината и полициските акции зимава не успеале да го решат проблемот и дека повторно „некој прави што сака и ги труе сите“.
ВИДЕО | Депонијата во Василево повторно гори, чадот ја задуши целата Струмичка Котлина


