Фото: Здрава котлина / Фејсбук / скриншот

ВИДЕО | Депонијата во Василево повторно гори, чадот ја задуши целата Струмичка Котлина

Повторно гори депонијата во струмичкото село Василево — хроничен еколошки проблем кој ја задушува целата Струмичка Котлина, алармираат активистите.

На снимката која ја сподели „Здрава котлина“ се гледа огромниот облак од бел чад кој се шири од запалената депонија. Активистите ги повикаа граѓаните да не излегуваат од своите домови и да се заштитат колку што можат.

„Депонијата во Василево уште гори, дури и посилно. Целата котлина се гуши во чадот од пластика и што ли уште не. Ако имате можност, избегнувајте излегување. Заштитете се колку што можете. Останатото — очигледно никој нема намера да го реши“, велат од „Здрава котлина“.

Сезоната на мирисање изгорено ѓубре во Скопје официјално почна — покрај „Вардариште“, гореше и депонијата во Арачиново

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот