ВИДЕО: Во „Пинг Понг стил“ – Македонија до четвртфинале, а Чешка ќе биде европски шампион!

Фото: facebook.com/GiveMeSport

Уште два дена останаа до првиот натпревар на македонската А репрезентација на Европското првенство, в недела од 18.00 часот во Букурешт против Австрија.

Официјалната фејсбук страница „GiveMeSport“ на еден интересен начин предвидува кои од репрезентациите ќе ја поминат групната фаза, кои ќе се најдат во осминафиналето, четвртфиналето, полуфиналето и на крај големото финале.

Во „Пинг Понг стил“ како што тие го дефинираат предвидувањето, со топчиња за пинг понг обоени со националните бои на сите 24 учесници, кое прво ќе падне во одводот, таа репрезентација ќе се пласира понатаму.

Неверојатен исход донесе ваквото интересно предвидување, Македонија во групата „Ц“ би била второпласирана зад Австрија, а пред Холандија и Украина.

Во осминафиналната фаза ќе ја елиминира селекцијата на Турција, а во четвртфиналето ќе заврши нашиот настап со пораз од Англија. На крајот верувале или не Чешка ќе ја освои титулата на ЕП.

ВИДЕО I Атлетик ја анализира играта на Македонија, имаат одличен пресинг

ВИДЕО I Атлетик ја анализира играта на Македонија, имаат одличен пресинг

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот