Илина Арсова / Фото: Скриншот/Јутјуб

ВИДЕО | „Во Америка бев осамена“: Илина Арсова со емотивна исповед за враќањето дома

Алпинистка и уметница, Илина Арсова ја откри вистинската причина зошто од Америка се врати во Македонија и зборуваше за својата осаменост.

Арсова гостуваше во поткастот „Смисла“, каде ја спореди физичката самотија и емоционалната осаменост. Иако нејзините подвизи често ја водат во сурови и изолирани предели, таа рече дека вистинската осаменост не се мери со бројот на луѓе околу нас.

„Голема е разликата од тоа да се биде осамен и да се биде сам,“ вели Арсова.

Таа објаснува дека на планина, иако физички е сама, никогаш не го чувствува товарот на осаменоста. Наспроти тоа, таа се присетува на моменти поминати во Америка каде, и покрај тоа што била опкружена со многу луѓе, се чувствувала изолирано бидејќи немала чувство на припадност кон таа средина.

Во моментите кога ѝ била потребна дополнителна мотивација, Илина открива дека дури и нејзиниот татко знаел да ја охрабри со зборовите: „Ајде сега замисли си дека си на планина“.

„Убаво е човек да биде сам и да молчи, да се осами, но голема е разликата од тоа да се биде осамен и да се биде сам. Јас можам да бидам сама во планина и да не се чувствувам осамено, а ми се случувало во Америка да бидам опкружена со луѓе, каде што се чувствував осамена, бидејќи не чувствував дека таму припаѓам. И дури татко ми кога сакаше да ме мотивира ќе ми каже: ‘Ајде сега замисли си дека си на планина сама’. И не беше баш лесно, ама сепак таков совет помага“, рече Арсова.

Минатата година, Илина се врати од Америка во Македонија. На Универзитетот во Тенеси, таа беше на докторски студии и работеше како професор на одделот за кинезиологија, рекреација и спорт.

„Напредувам во истражувањето што најчесто се занимава со проблемите на родова еднаквост во спортот. Како единствена Македонка која се искачила на Монт Еверест и на највисоките врвови на сите седум континенти, многупати бев дискриминирана и деградирана од власта и од институциите. Токму тоа е мојот мотив за работа и научно истражување на таа тема“, изјави планинарката за „Слободен печат“ пред две и пол години.

Интервју со Илина Арсова, планинарка: Наскоро си заминувам од САД, барам нова работа, поблизу до дома

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот