ВИДЕО | Внуката на Арета Френклин не го воодушеви жирито на Американски идол: Не си подготвена!

грејс френклин
Грејс Френклин / Фото: Принтскрин/Јутјуб/Инстаграм

Внуката на Арета Френклин, Грејс Френклин се појави на аудиција за „Американски идол“, но таа не успеа да го убеди
жирито во својот талент и да продолжи понатаму во музичкиот натпревар.

15-годишната средношколка присуствувала на аудициите со нејзините родители Кафи и Кекалф Канингам. Грејс ја отпеа верзијата на Лорин Хил на хитот на Роберта Флак „Killing Me Softly“, како и хитот на нејзината баба „Ain’t No Way“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by grace franklin✨ (@gfranklin61)

Како дете, Грејс била „навистина блиска“ со Арета и многу патувала со неа.

„Мислам дека не можев целосно да го сфатам фактот дека таа беше позната ширум светот, бидејќи за мене таа отсекогаш беше само баба“, рече Грејс во видео интервјуто за шоуто. „Чувствувам дека луѓето очекуваат да пеам како неа, но јас сум свој уметник. Имам свој глас“.

Настапот на Грејс предизвика дебата меѓу тројцата судии, Лајонел Ричи, Лук Брајан и Кејти Пери. Пери ги молеше своите колеги судии да ѝ дадат шанса на Грејс во шоуто, но неуспешно.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by grace franklin✨ (@gfranklin61)

По тешката кампања на Пери во која таа излезе од сцената во знак на протест, Брајан и Ричи се согласија дека Грејс
не е подготвена за натпреварот. Но, и покрај тоа што е не продолжи сега, Ричи посака Грејс да остане оптимист и да се врати
наредната година на нова аудиција.

Нејзиниот настап можете да го видите овде:

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот