ВИДЕО | Влечење, кубење: Брутална тепачка на српските пејачки и сестри среде улица

Пејачките и сестри Инди и Едита Арадиновиќ се степале пред куќата во Карабурма, Белград.
Пејачките се влечеле по улица, кубеле, а Едита во еден момент ѝ го фрлила телефонот на Инди и го скршила.
На јавноста непознат маж се обидел да ги раздели, а потоа меѓу нив влетала и нивната мајка. Таа ја втурнала Едита во куќата, а Инди седнала во автомобилот и заминала.
Српскиот портал „Информер“ објави шокантно видео на кое се гледа како двете сестри се влечат по земја.
Да потсетиме, сестрите и претходно се судираа, се прозиваа дури и на Инстаграм…
Инди во изјава за медиумите рече дека нема да го коментира видеото и дека со својата сестра е во добри односи.
„Немам коментар во врска со видеото што беше објавено, со Едита имам одличен однос“, изјави пејачката за „Информер“.
View this post on Instagram
Упатени извори тврдат дека се скарале поради мобилниот, но сѐ уште не е познато што имало во него што ги натерало сестрите да се однесуваат вака.
„Ајде, ајде, удри ме“, ја провоцирала Едита, а потоа Инди сочно ја опцула.
View this post on Instagram
Откако видеото стана вирално, се огласи и Едита.
„Браќа и сестри! Другари, другарки. Душмани, вие особено. Сè е во најдобар ред. Вие најдобро знаете како функционираат и не функционираат семејствата. Сте се излажале ако мислите дека Инди или јас ќе дадеме некакви изјави и ќе партиципираме во оваа глупост“, напиша, меѓу другото, Едита на Инстаграм.
Сестрите се степале и во 2011 година околу момче, а извесно време воопшто не зборувале.