ВИДЕО: Властите во Индија сечат дрвја во парковите со цел да се обезбеди гориво за масовно кремирање

Поради огромниот број починати пациенти од ковид-19 во Њу Делхи, локалните власти наредија да се сечат дрвја во парковите со цел да се обезбеди гориво за масовно кремирање.

Во Њу Делхи и другите градови во Индија колони амбуланти возила чекаат на ред за да ги пренесат мртвите до крематориуми, а на гробиштата нема слободни места за погреб.

Коронавирусот во Индија се шири со рекордна брзина, болниците се без резерви на медицински кислород, ги молат добавувачите за помош, а луѓето на улица жалат за своите најблиски кои починале чекајќи да бидат примени во болниците, јавуваат светските медиуми.

ФОТО+ВИДЕО | Морничави глетки од Индија: Масовно палење на тела и болници без кислород

Преполните гробишта и крематориумите се застрашувачки симбол на сегашната криза, но и показател дека здравствениот систем во Индија се распаѓа. Во болниците се почесто се случува еден кревет да го делат двајца, а понекогаш и тројца пациенти со Ковид-19.

ФОТО+ВИДЕО | Морничави глетки од Индија: Масовно палење на тела и болници без кислород

Во трката со времето, властите се обидуваат да набават дополнителни кревети, респиратори и резерви медицински кислород

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот