ВИДЕО | Владимир Кличко се вози во „Леопард 2”: Никогаш не сум возел ваква мачка!

Кличко со тенкот Леопард 2/ Фото Твитер

Денеска се појави видео на кое се гледа како Владимир Кличко, поранешен професионален боксер и брат на градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, го вози моќниот германски тенк „Леопард 2”. Да потсетиме, вчера беа испорачани првите тенка во Украина.

Антон Герашченко, советник на украинското Министерство за внатрешни работи, го објави видеото на социјалните мрежи. На него се гледа како Кличко вози тенк во шумска област.

„Никогаш не мислев дека ќе ја возам оваа мачка. Година војна во Украина. Година на страдање, но и година на волја, која е посилна од кога било“, вели Кличко во видеото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот