Данијела Мартиновиќ во истиот фустан 2026/1998 / Фото: Скриншот/Јутјуб/Инстаграм/Данијела Мартиновиќ

ВИДЕО | Вистинска носталгија: Данијела Мартиновиќ настапи во истиот фустан со кој победи на „Дора“ пред 28 години

Првата полуфинална вечер на „Дора“, националниот избор на песна за Евровизија во Хрватска, донесе силна доза носталгија, а апсолутна ѕвезда на вечерта беше Данијела Мартиновиќ.

Пејачката, која пред 28 години триумфираше на овој фестивал со песната „Neka mi ne svane“, во 1998 година ја претставуваше Хрватска на Евровизија во Бирмингем, каде што го освои петтото место.

Синоќа повторно го изведе својот евровизиски хит, а публиката уште на самиот почеток забележа еден впечатлив детаљ. Имено, Мартиновиќ настапи во долг син фустан, истиот оној што го носеше и на „Дора“ во 1998 година.

Моментот го искористи водителката Барбара Колар, која ѝ се обрати со зборовите: „Данијела, ти благодариме што си вечерва со нас на оваа прва полуфинална вечер. Морам да кажам, сите што се сеќаваат на Дора од пред 28 години знаат дека ти и денес можеш да го облечеш истиот фустан што го носеше тогаш“.

„Тоа е тој фустан!“, кратко одговори Мартиновиќ.

Пејачката откри дека често ја подарува облеката што повеќе не ја носи, но токму оваа креација одлучила да ја зачува.

„Многу пати сум ја средувала облеката, сакам да ја подарувам. Не знам зошто ја чував, си велев: ‘Зошто баш неа ја чуваш?‘ И еве, замислете, се случи прилика кога совршено одговара“, изјави таа.

Данијела Мартиновиќ искрено за изгледот: „Никогаш не се чувствував како убава жена“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот