ВИДЕО: Виљареал е „тврд орев“ за десеткуваниот Реал Мадрид!

Фото: EPA-EFE/Domenech Castello

Во 10 коло од најквалитетната шпанска лига Реал Мадрид одиграно нерешено на тешкото гостување кај Виљареал со резултат 1:1.

Уште во втората минута „кралевите“ стекнаа предност со погодокот на Мариано после асистенцијата на Карвахал. Во 76 минута се случи израмнувањето, не реагираше најдобро голманот Куртоа кој фаулираше во казнетиот простор, а сигурен од белата точка беше Морено.

Составот на Зинедин Зидан веќе втор меч по ред не знае за победа, денеска во тимот на францускиот стратег поради повреди недостасуваа Бензема, Милитао, Одриозола, Рамос и Валверде, а од коронавирусот се опоравуваат Касемиро и Јовиќ.

Моментно Реал е на четвртото место со 17 бодови, два помалку од второпласираниот Виљареал, а лидер е Реал Сосиедад со 20 бода кој својот натпревар од рундата ќе го има в недела против Кадиз.

Претходно во првиот меч од саботната програма Леванте ремизираше на свој терен (1:1) против Елче. Кај домаќините во составот не беше македонскиот репрезентативец Енис Барди кој е повреден.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот