ВИДЕО | Вицегувернерката Митреска: Речиси да нема земја каде не е во пораст инфлацијата, ја движат заеднички глобални фактори

М-р Ана Митреска, вицегувернерка на НБРСМ/Фото: Слободен печат

До кога ќе трае растот на инфалицијата. Помината е магичната бројка од 10%. Многумина велат дека се приближуваме до неверојатните движења од 1997 година. Како ќе се воспостави контрола на порастот на инфлацијата.

-Вчера ги завршивме најновите макроекономски проекции. За жал тоа што светот го очекуваше во октомври, а тоа е некоја стабилизација и нормализација на сите економски текови не се случи од едноставна причина што во овој меѓупериод, светот, особено Европа се соочи со еден многу голем шок, удар, а тоа е руската инвазија на Украина, која што има економска цена и носи економски штети за цела глобална економија , изјави за Утрински брифинг вицегувернерка, м-р Ана Митреска.

Таа додава дека една од тие штети е растот на цените.

-Ова беше очекувано затоа што се работи за две земји кои што се едни од најголемите извозници, глобални снабдувачи на пазарите на храна, енергенси, а тоа се разбира дека понатаму се пренесува врз инфлациите во останатите економии, вели таа.

Вицегувернерката вели дека инфлацијата која што ја имаат објавено е 8,8 проценти и таа е темелена на одредени претпоставки.

-Има голема промена за претпоставките за увозните цени. Ако очекуваме увозената инфлација во октомври да биде околу два проценти сега е шест. Цените на примарните производи, енергенсите, цените на храна, на житариците – корекциите се нагорни, со оглед на овој удар и шок којшто се случува, вели вицегувернерката.

Таа додава дека Има глобални заеднички фактори кои ја движат инфлацијата и речиси да нема земја каде инфлацијата не е во пораст.

-Голем дел од овие движења кај нас се увезени, а притисокот од домашната потрошувачка е мал. Сепак се очекува стабилизирање на инфлацијата некаде на околу 3 проценти, рече Митреска.

Запрашана дали е возможна девалвација на денарот, вицегувернерката е децидна дека тоа не може да се случи:

-Девизните резерви се солидни и здрави. Монтерната политика е оценета како адекватна. И нема потреба од панично заговарање на тези околу стабилноста девизниот курс ниту има причини за промена на вредноста на курсот, а од друга страна имаме заштитни механизми за управување на стабилноста и одржувањето на стабилноста на девизниот курс. И во тој контекст апсолутно нема потреба од грижа околу стабилноста на девизниот курс, рече вицегувернерката.

Целиот разговор погледнете го во видеото:

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот