ВИДЕО: Вечер на пресврти во Лигата на конференции, победи слават Базел и Вест хем

фото: EPA-EFE/GEORGIOS KEFALAS

Се одиграа првите натпревари од полуфиналето во Лигата на конференции, Базел славеше на гостувањето кај Фиорентина со 1:2, а со истиот резултат Вест хем дома беше подобар од АЗ Алкмаар.

На стадионот „Артемио Франки“ во Фиренца водеа „виолетовите“ со погодокот на Кабрал во 25 минута. Швајцарците израмнија во 71 минута преку Диуф, а конечниот епилог го поставија во 93 минута кога во мрежата на Италијанците ја затресе Амдуни.

Пресврт имаше и дуелот одигран во Лондон, АЗ Алкмаар водеше со 1:0 откако радост за Холанѓаните донесе Реијндерс во 41 минута.

„Чеканите“ во вториот дел се погрижија за егал во 67 минута кога од пенал прецизен беше Бенрахма, а Антонио ја обезбеди победата (76`).

Реванш мечевите во Швајцарија и Холандија ќе се играат на 18 мај. Потсетување дека финалето во ова натпреварување ќе се игра 7 јуни во Прага, Чешка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот