ВИДЕО | Васка Јанковска, Драган Спасов Дац и Александар Митевски ја отпеаја „Ѓурѓовден“ во чест на празникот
Големиот пролетен празник Ѓурговден се пречекува со ритуали и песна, а оваа година Александар Митевски, Драган Спасов Дац и Васка Јанковска ја отпеаја „Đurđevdan/Ederlezi“ и наздравија за празникот.
Препорачано
Видеото во кое пејачите од комфортот на домовите испраќаат честитка, заедно со музичката поддршка на Брастет Скопје, го споделија на социјалните мрежи и истото доживеа над 14,000 прегледи. Тие во описот напишаа:
„За многу години Ѓурѓовден. Од Дац и Александар, Васка Јанковска и Брастет Скопје“
Песната е напишана и компонирана од Горан Бреговиќ. Јанковска била дел и од „Оркестарот за свадби и погреби“ на Бреговиќ како придружен вокал. Оваа песна е дел од албумот на Bijelo Dugme“ од 1988 година – „Ćiribiribela“.
Васка Јанковска ја отпеа оригиналната верзија „Erdelezi“ за филмот на Емир Костурица, „Дом за бесење“ во 1988 година. Инсерти од филмот се прикачени и во видеото што го објавија музичарите во чест на празникот.
„Đurđevdan“ се пее и на другите 364 дена во годината и е отпеана и на босански, полски, турски, албански и грчки јазик, но посебна магија има на Ѓурговден.



