ВИДЕО: Валенсија убедлива во Кадиз, Жирона само до бод против Алмерија

фото: EPA-EFE/Roman Rios

Денеска во 20 коло од најсилното шпанско првенство, фудбалерите на Валенсија триумфираа со 4:1 на гостувањето кај Кадиз.

Дуро во осмата минута донесе предност за гостите, а домаќините израмнија од пенал во 21 минута кој го реализираше Алкараз.

На стартот од вториот дел Валенсија ја врати позитивата со погодокот на Лопез, а во самиот финиш од средбата го потврди триумфот со головите на Гуера (90+4`) и Вазкез (90+8`).

За Валенсија ова е трета победа во низа за моментно осмо место со 29 бодови, додека Кадиз е во опасната зона за испаѓање на 18 позиција со 15 бодови.

Најпријатното изненадување сезонава во „Ла Лига“, Жирона овој пат ги разочара своите навивачи играјќи само 0:0 кај последнопласираната Алмерија.

Жирона повторно е на врвот на табелата со 49 бодови, еден повеќе од второпласираниот Реал Мадрид кој својот меч од оваа рунда ќе го има на 21 јануари дома против Алмерија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот