Питбул нападна дете во Њујорк/Фото: Скриншот

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО | Ужас во Њујорк: Питбул нападна едногодишно дете на улица во Менхетн

Едногодишно момче во Њујорк се најде во ужасна ситуација откако питбул го нападна, оставајќи го со скршена нога и рани кои барале повеќе конци. Нападот се случил на прометна улица во Менхетн, пред очите на минувачите.

На вознемирувачката снимка од ужасниот напад кој се случил во неделата наутро, се гледа како кучето го држи момчето во своите вилици. Неколку минувачи веднаш притрчале и се обиделе да го одвојат питбулот од левата нога на момчето, при што еден постојано го клоца животното, додека друг човек му ја држи главата стисната.

„Викнете полиција!. Нека го тргне некој! Некој, ве молам“, се слуша како вика мајката на детето.

Според „Њујорк пост“, двегодишниот Диско Буба, како што се вика кучето, го пуштил детето дури кога некој го зграпчил за гениталиите.

„О, Боже. Има дупка во ногата на ова момче“, рекол преплашен сведок.

Таткото на момчето подоцна им кажал на полицајците дека питбулот го нападнал неговиот син кога ја видел ногата на момчето како се ниша пред него додека го кревал во раце.

Сопственикот на кучето мирно си заминал со кучето и чекал на автобуска станица, додека минувачите ја чекале њујоршката полиција.

Иако полицијата објави дека нема да бидат поднесени обвиненија против сопственикот на кучето, семејството на младото момче вели дека ќе бараат други начини да го убијат кучето, а чичкото на момчето вели: „Овој питбул слободно оди, ова е опасно“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот