Украински дрон од иверка - Принтскрин, Youtube

ВИДЕО | Украина пак нападна руска рафинерија и хемиска фабрика

Украински дронови нападнаa руска рафинерија за нафта и погон за производство на хемикалии преку ноќ. Ова е втор регистриран напад на овие места за само една недела, објави Киев индепендент.

Жителите на градот Кстово во Нижегородската област пријавиле дека дронови се приближувале кон рафинеријата Лукоил-Нижегороднефтеоргсинтез рано наутро, по што следеле извештаи за експлозии во областа.

Независниот руски канал АСТРА на Телеграм објави дека по нападот се кренал чад од рафинеријата.

Претходниот напад, кој резултираше со пожар, се случи на 18 мај. По првиот напад, Генералштабот на украинската армија објави дека рафинеријата е „еден од најголемите погони за преработка на нафта во Руската Федерација“ со капацитет од околу 17 милиони тони нафта годишно.

Според украинската војска, фабриката произведува бензин, дизел гориво и авијациско гориво „што се испорачува на руските окупаторски сили“.

Украинска мета е и хемиска фабрика на југот на Русија

Украинската армија наводно истата ноќ ја погодила и фабриката „Невиномиск Азот“ во регионот Ставропол во Јужна Русија.

Тоа е еден од најголемите руски производители на минерални ѓубрива и хемикалии за производство на експлозиви. Фабриката годишно произведува до еден милион тони амонијак и повеќе од еден милион тони амониум нитрат, материјали што се користат во производството на експлозиви и артилериски гранати.

Градоначалникот на Невиномиск, Михаил Миненков, извести за активноста на воздушната одбрана над градот за време на нападот. Во исто време, според руските канали на Телеграм, локалните жители пријавија експлозии и пожар во градот.

Гувернерот на регионот Ставропол, Владимир Владимиров, тврдеше на Телеграм дека воздушната одбрана одбила напад врз неименувана „индустриска зона“ во Невиномиск и дека немало штета.

Русија уништи 315 украински дронови, тврди Кремљ

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот