ВИДЕО: Туристка платила 200 евра за јастог, па го пуштила во морето

Фото: Принтскрин/ ТикТок

Туристка во луксузен ресторан во Сардинија нарачала јастог од 200 евра, побарала да ѝ биде доставен жив, а потоа го пуштила во морето.

Јастозите во ресторанот „Џенте ди Маре“ (Gente di Mare) на брегот на Сардинија обично се служат со шпагети или „ала каталона“, варени јастози кои се служат со сос од домати, кромид, сок од лимон, црн пипер и сол.

Меѓутоа, во оваа прилика, швајцарската туристка го забележала јастогот во резервоар исполнет со вода на влезот во ресторанот и платила 200 евра (172 фунти) за да ѝ го дадат жив и неповреден, пишува „Телеграф“ (Тelegraph).

Јастогот ѝ бил донесен во кофа. Потоа таа излегла надвор на кејот и со сопругот нежно го извлекла јастогот од кофата. Го погалила и му кажала неколку зборови пред да го пушти во мирните води на Голфо Аранчи, залив на северот на Сардинија, кој е блиску до ексклузивниот брег на островот Коста Смералда. Штом влегол во водата, јастогот веднаш испливал.

@dailymail A woman PAID OVER $200 for a live LOBSTER at a restaurant so she could set it free #fyp #lobster #sardinia #vacation #tourist #gentedimare ♬ original sound – Daily Mail

„Госпоѓата влезе во нашиот ресторан и веднаш го забележа аквариумот што го имаме на влезот“, изјавил Антонио Фасолино, кој е сопственик на ресторанот со неговиот брат Џанлука.

„Таа ме праша дали може да го ослободи јастогот и да го пушти во морето. Отпрвин мислев дека се шегува, но потоа видов дека е сериозна. Реков: „За мене тоа не е проблем!“

Тој го измерил јастогот во кујната и им кажал на гостите дека чини 200 евра. Тие веднаш се согласиле да го купат.
Туристката инсистирала таа самата да го изврши чинот на ослободување, наместо да го остави на персоналот во ресторанот.

„Таа сакаше да го направи тоа како еден вид добро дело. Изгледаше многу среќна и потоа ме прегрна“, изјавил г-дин Фасолино.
Тоа бил најголемиот јастог во резервоарот, па оттука и високата цена.

„Го ставивме во кофа и госпоѓата го пушти во морето додека нејзиниот сопруг сними видео за да го овековечи моментот“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот