ВИДЕО | Tрошановски: Oнлајн седници што поскоро – филибастеринг метод на неброени амандмани е апсолутно недемократска работа
Праксата на блокирање на Собранието преку овој филибастеринг метод на неброени амандмани е апсолутно недемократска работа, недемократска пракса, особено блокирање на сите закони е преседан за нашата политичка историја и на еден начин е своевидно политичко насилство кон Парламентот, смета Марко Трошановски од Институтот за демократија Социетас Цивилис.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
-Ако вие како партија одлучите да ги браните интересите на вашите гласачи преку подривање, односно бликирање на институцијата преку која треба да ги претставувате истите, кажува многу за нивото на ниската ниво на политичка свест, но уште повеќе целта држава, политичките процеси во ситуација на криза, најблаго речено неодговорно ги блокирате и тоа е недозволиво, изјави Трошановски во Утрински брифинг.
Начинот на кој што е устроен политичкиот систем кај нас ја бутка целата вага за политичка моќ кој извршната власт и создава сервилно Собрание. Политичкиот модел, изборниот модел, недемократската природа кај политичките партии, создаваат пратеници, кои на некој начин зависат од волјата на политичката партија а не на граѓаните кои ги птретставуваат, вели Трошановски.
Целиот разговор погледнете го во видеото:


