ВИДЕО: Тричковски со нов гол за АЕК Ларнака во дербито против АПОЕЛ

фото: EPA-EFE/SASCHA STEINBACH

Денеска во дербито на 23 коло од кипарската фудбалска лига ремизираа екипите на АПОЕЛ и АЕК Ларнака со резултат 2:2.

По раното водство на домаќините со погодокот на Двали, гостите успеаја да израмнат на 1:1 во 76 минута со голот на Иван Тричковски.

За поранешниот македонскиот репрезентативец тоа беше шести гол сезонава во првенството во 14 настап за АЕК Ларнака.

На водечката позиција е АПОЕЛ со 52 бодови, пред второпласираниот Арис кој има 47, додека на третото место со АЕК Ларнака со 46.

Во следното коло АЕК Ларнака на 10 февруари пред своите навивачи ќе го пречека Аполон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот