ВИДЕО: Три важни бода од Малта, Македонија се враќа во игра за Евро 2024

фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Македонската фудбалска А репрезентација во својот петти натпревар од квалификациите за пласман на Европското првенство 2024 во Германија триумфираше на гостувањето кај Малта со 0:2.

Три важни бодови за избраниците на селекторот Благоја Милевски кои се враќаат во игра за едно од првите две места кои водат на следниот континентален собир.

Првиот гол го реализиравме во петтата минута преку Елмас, а вториот беше дело на Манев во 41 минута. За погодоците капитенот Барди двапати беше асистент.

Италија триумфираше над Украина со 2:1, моментно во квалификациската група „Ц“ води Англија со 13 бодови, пред Италија, Украина и Македонија кои имаат по седум бодови, а ниту еден Малта.

Следниот меч нашата А селекција ќе го има на 14 октомври во Прага (Чешка) против репрезентацијата на Украина.

Квалификации ЕП 2024

Малта – Македонија 0:2 (0:2)

Елмас 5`, Манев 41`

Македонија: Шишковски, Алиоски, Манев, Муслиу, Зајков (Серафимов 80`), Димоски (Ашковски 86`), Барди, Атанасов (Елези 80`), Алими, Елмас, Миовски (М. Ристовски 90+3`).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот