Тревис Скот со ќерката Сторми - Фото: Принтскрин/ Тикток

ВИДЕО | Тревис Скот ја изненади публиката: Ќерката Сторми пееше со него на сцената во Токио

Тревис Скот им приреди на своите обожаватели посебно изненадување за време на концертот во Токио минатата сабота, 8 ноември. Тој ја донесе на сцената својата седумгодишна ќерка Сторми, која ја има со ријалити ѕвездата и претприемачка Кајли Џенер, објави „Пипл“.

@travworldflame Travis brought Stromi out in the sold out stadium show in Tokyo 🤎 Follow @travworldflame more 🔥‼️ ##travisscott##travisscottedits##travisscottconcert##travisscottlive##travisscottfans #laflame ♬ original sound – FLAME

Сторми се качи на сцената за време на изведбата на песната „Thank God“ од 2023 година. Облечена во маица со принт и крзнено палто, со косата во шарени плетенки, малата Сторми се насмевна и танцуваше покрај својот татко. Носеше чепови за уши за да ги заштити ушите од гласната музика и еуфоричната публика во Белуна Доум.

Во еден момент, Скот ѝ го подаде микрофонот за да го отпее нејзиниот дел од песната: „Така е, тато“, на што продолжи со репликата: „Сторми е малолетна, но знаете дека живее на големо.“ Потоа раперот ја повика публиката да ја поздрави неговата ќерка, што беше дочекано со громогласен аплауз.

@nastiillie flashing lights #travisscottconcert #kanyewest #japan #tokyo ♬ оригинальный звук – настили

Но тоа не беше единственото изненадување на вечерта. На Скот на сцената му се придружи Канје Вест, кој на почетокот се појави со маска на лицето. Кога ја симна и го откри својот идентитет, публиката беше воодушевена. Двајцата рапери изведоа неколку песни заедно, вклучувајќи го и хитот на Вест од 2004 година „Through the Wire“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот