Доналд и Меланија Трамп на приватната проекција на филмот „Меланија“ / 25 јануари 2026 / Фото: Инстаграм/Меланија Трамп

ВИДЕО | Трамп повторно е предмет на потсмев, не можеше да се сети каде е родена Меланија

На светската премиера на филмот „Меланија“Доналд Трамп и првата дама Меланија Трамп се појавија на црвениот тепих, но работите добиа поинаква насока откако претседателот на САД не успеа да се сети од која земја потекнува неговата сопруга.

Имено, документарецот, во кој „Амазон“ вложи 40 милиони долари, ја следи Меланија додека се подготвува за уште четири години во Белата куќа, откако нејзиниот сопруг повторно е изран за претседател, давајќи им на луѓето прецизен, но добро режиран поглед на животот на првата фамилија.

На премиерата во новиот „Трамп Кенеди“ центар, не беа присутни пошироките членови на семејството. Не дојде ниту синот на Меланија Барон, ниту останатите деца на Трамп.

Ситуацијата стана малку непријатна на црвениот тепих кога новинарите го прашаа Трамп како се чувствува за филмот за сопругата. Тој рече дека е горд на Меланија поради нејзиното потекло, ама потоа не можеше да каже во која точно земја таа е родена.

„Таа е од една далечна, преубава земја. Чиста е, убава и безбедна. Нема проблеми како другите. Многу е безбедна, многу добра земја“, рече Трамп.

Иако не можеше да ја каже точната земја, го пофали нејзиниот ум:

„Таа е посебна, зборува многу јазици, многу е паметна и разбира што се случува. И многу добро влијае врз мене“, додаде тој.

Многу луѓе забележаа дека претседателот направи гаф и тоа стана тема за потсмев. На социјалните мрежи се појавија коментари како:

„Тој нема поим од каде му е сопругата“ и „Заборави од каде му е жена му … нели?“

Имено, Меланија (55) е родена во 1970 година во Словенија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот