-2 C
Скопје

ВИДЕО | Трамп: Не се борам за себе, туку за 74 милиони луѓе кои гласаа за мене

Американскиот претседател во заминување, Доналд Трамп, објави на „Твитер“ дека не се бори за себе, туку за 74 милиони луѓе што гласале за него.

-Не се борам за себе, се борам за 74 милиони луѓе (не вклучувајќи ги многуте гласови за Трамп што се фрлени), кои гласаа за мене- напиша Трамп.

Тој од гувернерот на Џорџија побара итна реакција во врска со проверката на гласачките листи во таа сојузна држава наведувајќи дека тој може лесно да го стори тоа.

Прочитајте и...  Љупчо Димовски нов претседател на СПМ

-Зошто Брајан Кемп, гувернерот на Џорџија, не ги искористи своите овластувања што ги има за итни ситуации, што лесно може да го стори, да го надвладее својот тврдоглав државен секретар и да ги провери потписите на писмата. Тоа би бил златен рудник на измами и лесно би ја освоиле државата-пишува Трамп.

Тој истакнува дека би требало бргу да се провери бројот на писма и бројот на гласачки листи.

Американскиот претседател, Доналд Трамп, денеска изјави дека за него можеби ќе биде тешко да ги изнесе обвинувањата пред Врховниот суд за изборна измама за време на претседателските избори на 3 ноември.

Тој изрази сомнеж во својата правна стратегија, а се помали се и надежите дека ќе може да да направи пресврт во изборниот резултат, јавија британските медиуми.

Прочитајте и...  Сите 50 сојузни држави на САД се во готовност поради можни протести

Поврзани вести

ВИДЕО I Поранешен агент на ШИК открива нечуени детали за припадникот на косовската полиција, Фадил Сулевиќ, кој вчера беше пронајден мртов во близина на Приштина: Еве што знаеше и кој се плашеше …

И.И.

ФОТО | „Доста беше“: Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ роденденски ја запроси девојката Сања

СП.

Среќа во несреќа: Нема повредени патници на ЈСП во сообраќајката кај Шумарски факултет

Слободен печат

Изградба и обнова на основни училишта со 328 милиони денари, за средните 19,7 милиони

Слободен печат

Филипче: Тие што прележале засега не треба да се вакцинираат

И.И.

Владата повторно ќе дава субвенции, овој пат 52 милиони денари ќе бидат поделени за енергетско ефикасни прозорци и сончеви колектори

И.И.

Остави Коментар