ВИДЕО | Трајковски: Петковски ме мотивираше да се кандидирам, во НСДП треба да има натпревар

Кристијан Трајковски/Фото: Слободен печат

Генералниот секретар на НСДП Кристијан Трајковски не отстапува од кандидатурата на претседател на оваа партија и покрај тоа што партиските тела донесоа одлука како единствен кандидат за претседател пред сопартијците на конгресот на 4. јуни да излезе актуелниот пратеник Горан Мисовски.

-Имам статутарно право да се самокандидирам на Конгресот за избор на претседател на НСДП. Мислам дека членовите на сите општински организации сметаат дека треба да има некој натпревар. Од тој аспект ние тргнавме во таква кампања. Да има демократски избор и на крајот на денот секој кандидат којшто ќе се кандидира и Конгресот ќе го изгласа ќе добие поголем легитимитет, изјави во Утрински брифинг Кристијан Трајковски за најновите случувања во партијата и потенцијален кандидат за претседател на НСДП.

Вчера во гостувањето на Утрински брифинг лидерот во заминување Тито Петковски изрази разочараност од недемократичноста во НСДП и недавањето на можност на помлади кандидати во изборот на негов наследник.

-Од тој аспект, по заминувањето на г-дин Петковски, јас се мотивирав да се кандидирам и сето мое работење да го факторизирам на Конгресот. Ние сме сите луѓе на г-дин Петковски. Тој не мотивираше да се ангажираме и да работиме за НСДП, рече Трајковски.

Тој се осврна и на состојбите во коалицијата со СДСМ.

-Ние сме дел од коалицијата со СДСМ. До сега функционираме и имаме заеднички проекти. Претседателското место на НСДП не е во врска со парламентарното мнозинство. Станува збор за она за што во 2016-та година се договараше на голема врата, а тоа е една изборна единица. Мојот личен став е дека со една изборна единица сите помали политички партии ќе добијат бројки колку тежат, потенцира Трајковски.

Целиот разговор погледнете го во видеото:

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот