ВИДЕО | Трајкоска: Не е само до платата, треба да се мотивираат и почитуваат вработените

Владанка Трајкоска, Организација на работодавачи / Утрински брифинг

Најавите на надлежните дека размислуваат минималната плата да се зголеми на 18 илјади денари ја разбранува јавноста и предизвика незадоволство кај работодавачите во земјава.

Дел од нив се жалат дека и до сега едвај врзувале крај со крај но дека во услови на пандемија и економска криза ваквото зголемување на минималецот може да значи и клуч на врата и отпуштање на голем број работници.

Организација на работодавачи: Не е време за поголеми минимални плати

Од организацијата на работодавачи велат дека сега не е вистинско време и дека со ваквата мерка нема да се постигнат очекуваните резултати.

На оваа тема во Утрински брифинг разговаравме со Владанка Трајкоска, претседателка на ОРМ.

-Дури 75 отсто од работодавачите сметаат дека минималната плата не ги задржува работниците во земјата, тука се во игра многу други фактори, вели Трајкоска.

Што се однесува до недела како неработен ден Трајкоска вели дека има дејности кои не можат да ја прекинат работата во недела, но работодавачите ги исполнуваат законските обврски за работење во недела.

Новиот закон предвидува вработените во моловите да добијат две дневници за работа во недела, а работодавачите да платат дополнителни 2 отсто данок за приходот остварен во недела. Трајкоска вели дека ковид кризата мора да се земе предвид при ова законско решение.

Најгласни во барањата за недела неработен ден беа текстилните работници.

-Текстилните компании работат за странски купувачи и цените им се диктираат од Европа и зависат од однапред договорените зделки. Минималната плата мора да оди заедно со продуктивноста. Кај нас продуктивноста е на многу ниско ниво. Со поголема продуктивност ќе има повеќе приходи. Текстилните компании кубурат со продуктивноста, вели Трајкоска.

Проследете го целиот разговор во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот