Несреќа на авионска писта во Њујорк - Извор Х

ВИДЕO | Трагедија во Њујорк: авион на „Ер Канада“ удри во возило на писта, има загинати и повредени

Аеродромот Ла Гвардија во Њујорк беше затворен за летови рано утринава откако авион на „Ер Канада“ се судрил со возило на пистата по слетувањето, при што загинаа две лица а уште 13 се хоспитализирани со повреди, јавува „Еј-би-си њуз“.

Како што објави веб-страницата за следење летови „Флајтрадар“, авионот на „Ер Канада“ што летал од Монтреал се судрил со возило на земја при слетување на аеродромот. Непотврдени снимки на социјалните мрежи покажуваат оштетување на носот на авионот. Ројтерс не можеше веднаш да ја потврди автентичноста на снимката.

Американската федералната агенција за воздухопловство објави дека аеродромот ќе остане затворен до 19 часот денеска, додека сајтот на „Ла Гвардија“ покажува дека авионите се пренасочуваат кон други аеродроми или се враќаат кон местото на полетувањето.

Авионот што учествувал во несреќата бил управуван од регионалниот партнер на „Ер Канада“, „Џез“ и може да прими до 76 патници, пренесуваат медиумите.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот