ВИДЕО | Товарен воз во Индија помина 70 киломентри без машиновозач

Индија товарен воз / Фото: EMMANUEL CROSET / AFP / Profimedia

Индиската железница нареди истрага откако товарен воз поминал повеќе од 70 километри без машиновозач. Снимките на социјалните мрежи покажуваат како возот со голема брзина поминува покрај неколку станици. Извештаите велат дека возот вчера сообраќал без машиновозач од Катуа во Џаму и Кашмир до областа Хошиарпур во Пенџаб.

Од железницата велат дека возот е запрен и нема повредени. Официјални лица изјавија за новинската агенција Прест траст оф Индија дека инцидентот се случил помеѓу 07:25 и 09:00 часот по локално време. Возот со 53 вагони бил на пат кон Пенџаб од Џаму кога запрел во Катуа заради промена на екипажот.

Официјалните лица велат дека почнало да се движи надолу по железничката пруга откако машиновозачот и неговиот помошник се симнале. Возот се движел со брзина од речиси 100 км/ч и успеал да помине околу пет станици пред да биде запрен. Набргу откако биле предупредени за возот во движење, официјалните лица ги затвориле премините на ниво на неговата патека.

„Возот беше запрен откако службеник на железницата постави дрвени блокови на шините за да го запре возот“, изјавија официјални лица за ПТИ.

Дрвените блокови помогнаа да се намали брзината на возот. Официјални лица изјавија за ПТИ дека се обидуваат да ја идентификуваат точната причина за движењето на возот откако застана во Катуа за да избегнат такви инциденти во иднина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот