Ѕвездата на „Беверли Хилс“ Тори Спелинг со децата и поранешниот сопруг/Фото: Принтскрин/Инстаграм

ВИДЕО | Тори Спелинг заврши во болница со четирите деца по страотна сообраќајна несреќа

Холивудската актерка Тори Спелинг и нејзините четири деца биле префрлени во болница по ужасна сообраќајна несреќа во Темекула, Калифорнија, на 128 километри од Лос Анџелес.

Со нив во автомобилот биле уште три деца на семејни пријатели.

Несреќата се случи околу 17:45 часот по локално време во четвртокот, 2 април, а на местото на настанот биле пронајдени два автомобила со огромна штета од несреќата.

Тори Спелинг возела четири свои и три деца на пријатели кога ги удрил возач кој возел со голема брзина и поминал на црвено светло, објави американскиот портал Ти-ем-зет.

Сите патници во автомобилот беа прегледани на местото на настанот и никој не бил уапсен, соопштиле од канцеларијата на шерифот.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by TMZ (@tmz_tv)


Ѕвездата од „Беверли Хилс“ и седумте деца потоа биле префрлени во болница со три одделни возила на брзата помош, им била укажани лекарска помош поради разните повреди, вклучувајќи исеченици, модринки, контузии и потреси на мозокот.

Тори Спелинг (52) има пет деца со поранешниот сопруг Дин Мекдермот: Лиам Арон (19), Стела Дорин (18), Хати Маргарет (15), Фин Рис (14) и Бо Дин (9).

Актерката и во 2011 година доживеала сообраќајна несреќа, кога удрила во ѕид додека ги возела своите две најстари деца на училиште додека папараците ја прогонувале.

Тори Спелинг, која во тоа време била бремена, напишала на социјалните мрежи дека, која се обидувала да му побегне на фотографот – кој продолжил да ја фотографира дури и по несреќата.

„Тори е навистина вознемирена, но таа и децата се добро. Фотографот ја следел до влезот на училиштето. Таа се обидела да му побегне, возела наназад и удрила во ѕид“, изјавил тогаш нејзиниот портпарол за магазинот „Пипл“.

ВИДЕО | Ѕвездата на „Beverly Hills 90210“ евакуирана: Вооружен сосед држел заложник

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот