ВИДЕО | Toп 10 поени на македонските одбојкари на Европското првенство

Фото: Слободен Печат/Драган Митрески

Oдбојкарската репрезентација на Македонија зад себе има фантастично Европско првенство на кое успеавме да се пласираме во осминафиналето.

Двете победи во групната фаза против Данска и Црна Гора беа доволни да обезбедиме историско осминафинале каде што налетавме на пресилните Италијани кои се веројатно најсилната селекција во светот во овој момент.

Македонија нема за што да биде незадоволна, ова беше историски успех за нашата одбојка.

Сега се избрани и најубавите поени на првенството кои ги постигнаа македонските одбојкари. Четири поени се на Филип Маџунков, три на капитенот Никола Ѓоргиев, и по еден на Владо Милев, Александар Љафтов и Филип Деспотовски кој, според ЦЕВ, го има и најубавиот поен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот