ВИДЕО: Тие се нашите фудбалски херои, еве како се слави во соблекувалната!

epa09109599 North Macedonia?s players celebrate during the FIFA World Cup 2022 qualifying soccer match between Germany and North Macedonia in Duisburg, Germany, 31 March 2021. EPA-EFE/THILO SCHMUELGEN / POOL

Фудбалската репрезентација на Македонија ја оствари најголемата победа досега во својата историја, совладувајќи ја Германија со 1:2 и тоа на гостински терен во Дуизбург.

Дефинитивно една прекрасна најава пред стартот на Европското првенство, вечерва Германците ја имаа фаворитската улога, имаа повеќе од играта, но и избраниците на селекторот Игор Ангеловски ја бараа својата шанса за изненадување, и тоа беше направено.

– Моите играчи ја направија горда цела Македонија. Оваа победа е и за мојата сопруга која е болна од коронавирус Успеавме да го совладаме четирикратниот светски шампион, урнавме 20-годишна традиција на овој противник без пораз. Радувајте се, славете ги овие херои.

И Горан Пандев пред мечот најави дека се можни чуда, а тоа кој верува може тоа да го реализира. Имаше и луѓе кои ни праќаа критики, но еве оваа победа е и за нив. Со овој состав ќе одиме и на Европското првенство, а таму целта ќе биде да ја поминеме групата.

Сега ни претстои одмор, мораме да се спуштиме на земја, овој успех е еднаков со пласманот на ЕП. Кога еден Јоаким Лев пред мечот ми честита за досегашната работа, тогаш сите треба да се свесни за тоа што го направивме. Триуфмот е за целито народ – рече Ангеловски.

ВИДЕО: Македонско чудо во Дуизбург, „Гранде“ Пандев и „Дијамантот“ Елмас ја урнаа Германија!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот