ВИДЕО: Македонско чудо во Дуизбург, „Гранде“ Пандев и „Дијамантот“ Елмас ја урнаа Германија!

epa09109366 Germany?s Emre Can (C) reacts as North Macedonia?s players celebrate during the FIFA World Cup 2022 qualifying soccer match between Germany and North Macedonia in Duisburg, Germany, 31 March 2021. EPA-EFE/THILO SCHMUELGEN / POOL

Во својот трет натпревар од квалификациите за пласман на Светското првенство, вечерва на стадионот во Дуизбург репрезентацијата на Македонија ја совлада Германија со резултат 1:2.

Како што и се очекуваше Германците уште од почетокот на дуелот ја контролираа топката, веднаш го бркаа првиот гол, кружеа опасно од сите страни, но нашите фудбалери кои во одредени моменти имаа и среќа, ги запреа сите налети.

Во деветтата минута првата сериозна шанса ја имаа токму Германците, Хаверц правовремено го пронајде Горецка кој за наша среќа удри во пречката.

Гнабри, членот на Баерн во 27 минута се обиде од странична позиција да го изненади Димитриевски, но голманот на Рајо Ваљекано успеа да одбрани. Истиот играч и во 32 минута се најде во идеална позиција во нашиот казнет простор откако не реагиравме најдобро, но повторно за наша среќа топката заврши над голот.

Во 40 минута прва ретка можност за нашите фудбалери да се заканат, а тоа можеше многу лесно и да се реализира во погодок, прекрасен слободен удар од Алиоски, добро следеше Адеми кој малку ја потфати топката со глава, а со крајни напори одбрани Тер Штеген.

И кога конечно се ослободивме барем малку од силниот притисок, големо изненадување, непосредно пред паузата Енис Барди убаво го пронајде Пандев кој искусно и рутински стрелаше во мрежата на Тер Штеген за шок на Германците и нивниот селектор Лев.

Во 62 минута досуден еден сомнителен пенал, Сане според рускиот арбитар бил фаулиран од Алиоски, а сигурен од белата точка беше Гундоган. Во 74 минута Ристовски во прав момент успеа да го блокира Кимих и да спречи евентуален пресврт на Германците.

Во следниот напад после еден изведен корнер на нашата репрезентација топката удри во раката на Џан, веднаш реагираа македонските фудбалери до судијата, но ништо не беше досудено, плус и Пандев доби жолт картон поради кој ќе го пропушти следниот меч.

Уште една голема шанса пропушти Германија во наредниот напад, Вернер, ѕвездата на Челси непречен од никого можеше да ја смести топката во мрежата на Димитриевски, но изненадувачки не реагираше најдобро. Редок удар кон голот на Тер Штеген се случи во 83 минута, се обиде Спировски, но безопасно.

Повторно се ослободи нашата репрезентација, Адеми прекрасно се ослободи со дриблинг, правовремено му асистираше на Елмас кој стрелаше за 1:2 за поставување на конечниот епилог. Дефинитивно најголемата победа на Македонија во нејзината историја..

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот