ВИДЕО | Тензии во Рио пред финалето на Копа Либертадорес: Владата ја пушта и војската на улиците

Фото: EPA-EFE/Juan Ignacio Roncoroni

Утре вечер со почеток од 21:00 часот по средноевропско време во Рио де Женеиро на Маракана ќе се игра финалето од Копа Либертадорес.

Копа Либертадорес е јужноамериканската Лига на шампиони, па затоа натпреварот со нетрпение се очекува, а во финалето ќе играат бразилскиот Флуминенсе и аргентинската Бока Јуниорс.

Во Рио на еден ден пред финалето ситуацијата е навистина тензична поради големиот број Аргентинци во градот. Исто така медиумите пренесуваат дека се најавени 100.000 навивачи на аргентинскиот гигант, па поради Владата во Бразил одлучи да ја вклучи и војската на улиците за да ја држи ситуацијата под контрола.

Но, хаосот во градот веќе започна, забележани биле повеќе конфликти на навивачите на двата клуба во разни делови.

Аргентински навивач бил уапсен затоа што фрлал шишиња кон други луѓе, друг удрил куче и се обидел да нападне човек, забележани се пресметки во фан зоните на Аргентинците…Дефинитивно полицијата во Рио ќе има полни раце работа и тешка задача за да го одржи мирот пред и за време на натпреварот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот