ВИДЕО: Тејтум го доби дуелот со Дурент, Бостон подобар од Бруклин

Џејсон Тејтум е најзаслужен за победата на Бостон/ фото: EPA-EFE/JASON SZENES

Кошаркарите на Бостон селтикс ја остварија третата победа по ред откако со 126:120 славеа над Бруклин нетс и тоа благодарение на Џејсон Тејтум. Крилото на Бостон натпреварот го заврши со 54 постигнати поени, и го надмина учинокот на Кевин Дурент кој за Бруклин даде 37 поени.

Кошаркарите на Бруклин беа подобар тим во првото полувреме благодарение на Дурент и на Кајри Ирвинг, имаа предност од пет поени во првата четвртина, но на одмор заминаа со минимални 58:60.


Но, во втотото полувреме се разигра Џејтум и му донесе предност на Бостон, додека во финишот од натпреварот дојде и до осум поени предност (108:100). Но, следеше серија од 0:11 на Бруклин која ја прекина токму Тејтум со тројка. Потоа Тејтум и од Маркус Смарт погодија 118:113 на една минута до крајот. Бруклин намали со поените на Дурент, но Бостон одговори со пет поени по ред на Џејлен Браун со што беше заверена победата на келтите.

Тејтум натпреварот го заврши со 54 поени, а добра партија одиграа и Браун со 21, Смарт со 14 и Хорфорд со 13 поени, додека кај Бруклин најрасположени за игра беа Дурент со 37, Ирвинг со 19 и Браун со 16 поени.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот