ВИДЕО | „Тато и јас“: Кики Рахимовски сподели емотивно видео со Аки, снимено во семејниот дом

Аки и Кристијан Кики Рахимовски
Аки и Кристијан Кики Рахимовски / Фото: Скриншот, Инстаграм

Помина речиси еден месец од смртта на легендарниот музичар Аки Рахимовски, а тагата по неговото вечно заминување е сѐ уште присутна кај сите оние кои го почитуваа неговиот лик и дело.

Денес неговиот син Кристијан Кики Рахимовски реши да сподели еден емотивен момент со својот татко Аки, видео снимено во нивниот семеен дом.

„Без разлика на сѐ, сакајте ги и љубете ги вашите родители. Тато и јас, само љубов и ништо повеќе“, напиша Кики во описот на видеото, на кое може да се види еден прекрасен момент меѓу таткото и синот.

Неодамна Кики гостуваше во емисијата „Бекстејџ“ каде зборуваше за односот со својот татко.

„Тато и јас немавме класичен татко-син однос поради концертите. Пред 20 години почнав да свирам, тој свиреше… Немавме класичен однос, на пример не се слушавме секој ден…. На почетокот ми беше многу тешко да разберам, уште во времето на Југославија, да го гледаш својот татко на телевизија… Татко ми не доаѓаше дома, многу свираше. Но, откако почнав да се занимавам со музика, почнав да ги правам истите грешки како татко ми. Тато и јас немавме класичен татко-син однос. Сфаќаш дека не е така лесно“, раскажа тој за нивната врска и додаде дека многу го сака својот татко.

ФОТО: Скопје се збогува со Аки Рахимовски: Денес беше поставена книга на жалост на улица Македонија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот