ВИДЕО | Танкоски: Беше тешко да се игра, без разлика што Војводина дојде со младински состав
Ракометарите на Еурофарм Пелистер ја запишаа првата победа во новата сезона на СЕХА Газпром лигата, откако на свој паркет во салата „Боро Чурлевски“ ја совладаа Војводина со 30:25 (14:12).
Препорачано
– Беше тешко да се игра, собравме сили денеска да се кренеме, да одиграме. Ова беше еден навистина тежок натпревар, без разлика што Војводина дојде со младински состав. Противникот одигра борбено, му честитам за добрата, фер и коректна игра – рече ракометарот на Еурофарм Пелистер, Марио Танкоски, по завршувањето на натпреварот.
Танкоски еднаш се запиша во листата на стрелците (1/2) против екипата од Нови Сад.
Потсетување дека средниот бек е меѓу повиканите 22 ракометари за претстојните мечеви против Португалија на нашата сениорска репрезентација во квалификациите за ЕП 2024.
Мечот во рамките на третото коло од регионалното натпреварување Еурофарм Пелистер – Војводина започна со минута молк. На иницијатива на домашниот колектив, поради смртта на големиот спортски работник Филип Христов (66) кој ненадејно почина во Скопје, беше голем љубител на ракометот и силен поддржувач. Тој е најпознат по своите дела и работа во таборот на РК Металург, но беше почитуван во ракометната фела.


