Јутјуб - Фото: pexels-freestocks

ВИДЕО | Таинствено видео долго 140 години предизвика паника на Јутјуб: Милиони прегледи на црн екран без звук

Додека просечните Јутјуб видеа траат само неколку минути, а „долгите формати“ ретко надминуваат еден или два часа, ова видео оди во целосно друга димензија.

Интернетот повторно докажа дека за вирален хит не е потребна содржина – дури е подобро ако воопшто ја нема. Имено, социјалните мрежи и Јутјуб се во шок поради видео кое буквално не прикажува ништо. И не станува збор за метафорично „ништо“, каде некој само седи или прави некаков банален потег. Станува збор за видео кое, на прв поглед, е целосно празно: црн екран, без видливи елементи и без звук. Резултатот? Потполна конфузија кај сите кои ќе го отворат, пишува „Интернејшнал бизнис тајмс“.

Секако, Јутјуб е полн со бесмислени или празни видеа, но ова се издвојува по еден едноставен факт – бројките. Од објавувањето на 5 јануари, видеото собра околу 3,5 милиони прегледи, што е импресивно за кој било тип на содржина, а особено за видео во кое буквално ништо не се случува. Но, тоа не е ни најбизарниот дел.

Според официјалниот опис, видеото трае повеќе од 140 години. Да, добро прочитавте. Додека просечните видеа траат само неколку минути, а „долгите формати“ ретко надминуваат неколку часа, ова видеото оди во сосема друга димензија. Дури и легендарниот десетчасовен „loop“ каде Палпатин од „Star Wars“ повторува „Do it“ изгледа кратко во споредба со ова видео, кое е толку долго што никој човек не би можел да дочека крај.

Како да не е доволно чудно, видеото е објавено од профил со име „shinywr“, а насловот е само еден знак прашалник. Дополнителна конфузија создава фактот што, иако официјално е наведено дека трае 1.234.567 часа, при репродукција видеото покажува само 12 часа.

Секако, интернетот го направи она што најдобро знае – почна да создава теории. Се појавија гласини дека каналот има врска со Северна Кореја, што ја разгоре имагинацијата и поттикна лавина на шпекулации за скриени пораки, експерименти со алгоритми или некоја идна „интернет легенда“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот