Супермаркет во Доњетск погоден од украинска ракета/Фото: Скриншот

ВИДЕО | Супермаркет во Доњецк погоден од украинската армија

Супермаркет во градот Доњецк во источна Украина, кој е под контрола на Русија, бил погоден од украинската армија, при што се повредени две лица, јави денеска руската државна новинска агенција ТАСС.

Украина не го коментираше настанот и агенцијата Ројтерс не беше во можност веднаш да го потврди извештајот.

Фотографиите, чија автентичност не е потврдена, беа објавени на социјалните мрежи и прикажуваат изгорен автомобил пред оштетена двокатна кружна зграда.

Снимката направена од камерата на возилото, која не е потврдена и објавена од возачот, се чини дека го снимила моментот кога бил погоден супермаркетот, покажувајќи голема експлозија и пламен како пука кон небото.

ТАСС јави дека други згради и околу 15 автомобили биле уништени од експлозијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот