ВИДЕО | Судир на комбе и автобус во Русија, загинаа шест деца

Фото: Принтскрин

Во сообраќајна несреќа во Ставрополскиот регион во Русија загинаа шест деца, уште 18 лица се повредени. 

Во сообраќајната незгода учествувале три возила, помеѓу кои и автобус и камион во јужна Русија, пренесува ТАСС, а помеѓу повредените имало и осум деца кои се хоспитализирани.

Според првичните информации, камионот се поревртел и удрил во комбето со кое патувале децата од Волоград до градот Черкеск, пренесуваат тамошните медиуми.

Засега не се познати повеќе детали за случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот